• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Leonard Cohen – You Want It Darker (Албум на неделата)

Во оваа епизода на “Album On The Week” ќе ко изанализираме и преслушаме 14-тиот по ред студиски албум на канадскиот уметник, во младоста поет а подоцна и музичар, големиот Leonard Cohen кое е роден на 21 септември во 1934-тата година. На 21 октомври 2016-тата на пазарот се појави неговиот 14-ти студиски албум под име “You Want It Darker“. Слободно може да се каже дека тој всушност ги издава своите албуми како да е на почетокот на кариерата, бидејки во последните четири и половина години објави дури три албума и иако е тешко да се очекува од еден 82-годишен човек да навлегува во нови жанрови и да пробива генерациски бариери, сепак албумот “You Want It Darker”, кој е продуциран од неговиот син Adam, звучи многу модерно и интересно.

За крај, “You Want It Darker” на Leonard Cohen   е стилски необично широк албум во кој се константа: гласот на второт, стиховите и убавите аранжмани кои пак се подпираат на аналогни инструменти и ако е оваа танцот на лебедот за Leonard Cohen, односно, не дај боже неговото последно дело, тешко дека би можел да сними подобро и поубаво.

© Radio Bravo - Kumanovo