Beyoncé се враќа на музичката сцена со нејзината прва соло песна снимена и објавена оваа година. Композицијата се вика “Be Alive” и е дел од soundtrack-от за филмот King Richard кој допрва треба да доживее премиера и во кој Will Smith го игра Richard Williams, таткото и тренерот на тениските ѕвезди Venus и Serena Williams.