• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Billie Eilish – No Time To Die (Браво Хит)

No Time to Die” е песна на американската пејачка Billie Eilish. Нумерата е воедно и насловната композиција од претстојното, 25-то по ред издание на приказната за агентот на MI6, James Bond во кој по 5-ти и последен пат главната улога ја игра Daniel Craig, а треба премиерно да биде прикажан на 31 март 2020 година. Композицијата излезе на 13 февруари 2020 година преку издавачката куќа Interscope Records, а е напишана од самата Eilish и нејзиниот брат Finneas O’Connell. Со својата возраст од 18 години Billie Eilish е најмладиот пејач во историјата кој напишал и одпеал тема за James Bond филмовите.


© Radio Bravo - Kumanovo