• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Andy Grammer – Dont Give Up On Me (soundtrack from Five Feet Apart) Браво Хит

Песната “Don’t Give Up On Me” со која се најавува филмот Five Feet Apart на чија премиера во светските кино сали се уште се чека, а според состојбите во нашата држава нема ниту да ја дочекаме, а во изведба на Andy Grammer кој пак е близок пријател на режисерот на филмот, Justin Baldoni, кого пак го знаеме од филмот Тhe Virgin Star е ваш избор за Браво Хит koj како „број еден“ ќе ја слушаме на почетокот на секој парен час, во следните седум дена на фрекфенцијата на вашето радио, 88,5 Mhz.


Пред да го погледнете trailer-от за филмот подолу, кратка информација дека во него станува за збор за двајца тинејџери, болни од цистична фиброза кои и покрај предупредувањата на лекарите да бидат на безбедно растојание заради нивното здравје, влегуваат во романтична љубовна врска.


© Radio Bravo - Kumanovo