• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Kylie Minogue – Dancing (Браво Хит)

Песната “Dancing” на “џебната секс икона“, Kylie Minogue, e најава за новиот студиски албум, Golden, кој ќе излезе во текот на годинава. “Dancing” е напишана од самата Minogue, во соработка со Steve McEwan и Nathan Chapman. Она што радува е дека со “Dancing”, Kylie Minogue по наговор на продуцентот Sky Adams го напушта електро-денс звукот и се враќа на вистинскиот поп, можеби со мали примеси на електро-попот. Дека ова е чекор во вистински правец, говорат и музичките критики на песната, според кои “Dancing” е можеби најдобрата и „најличната“ песна во досегашната импресивна кариера Kylie Minogue. Уживајте, во следните седум дена, на почетокот на секој парен час, во Браво Хит на 88,5 Mhz .


© Radio Bravo - Kumanovo