• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

David Guetta Feat. Zara Larsson – This Ones For You (Браво Хит)

Со вечерашното најголемото шоу во историјата на Република Македонија и настапот на свеченото отворање на Европското првенство во фудбал во Париз во петок, на 10-ти јуни, каде што ќе ја исполни и официјалната химна на првенството, песната „This Ones For You“, David Guetta со сигурност е најпопуларниот странски музичар во регионот. Токму во седмицата кога ќе се случат двата настани, „This Ones For You“ е Браво Хит, песна која што ќе можете да ја слушате на 88,5 Mhz, секојдневно на почетокот на секој парен час.

Најголемиот хит мејкер на 21 век, неприкосновениот David Guetta лично ве кани на спектакуларно шоу во арената „Филип Втори“, преку видео кое официјално беше објавено на неговата фан страни на социјалните мрежи.

Пред Guetta како специјален гостин ќе настапи Robin Schulz, еден од најактуелните диџеи во последниве неколку години и сигурно највртениот артист во последниве неколку месеци на сите светски радио станици. Тој во Скопје ќе изведе 90 минутен сет со најголемите денс хитови со кои ги освои светските топ листи, водечките фестивали и клубови ширум светот, како: „Prayer in C“, „Sun Goes Down“, „Sugar“, „Headlights“, „Show Me Love“, „Yellow“…

Песната „This Ones For Youе“ е снимена со младата шведска пејачка Зара Ларсон, како и милион фанови ширум светот. Кампањата за снимање на официјалната песна траеше неколку месеци и над милион вљубеници во фудбалот го снимиле својот глас со што оваа песна ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како песна со најмногу вокали. Гета и Ларсон песната ќе ја изведат во живо на отворањето на Првенството на 10-ти јуни (петок).

© Radio Bravo - Kumanovo