• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

The Weeknd – Call Out My Name (Браво Хит)

По огромниот успех на претходниот, трет студиски албум, Starboy, издаден во ноември, 2016-та година (стигна до првото место на Billboard-овите листи во САД, Велика Британија, Канада, како и на музичките листи во Шведска, Норвешка, Данска и Австралија, а насловната песна снимена во соработка со електро-дуетот Daft Punk (Браво Хит од 9-ти до 16-ти октомври 2016-та година) со седмици беше на самиот врв на сите музички листи во светот, оваа седмица канадскиот пејач The Weeknd го започна освојувањето на светот со новиот проект, My Dear Melancholy, мини-албум составен од шест песни, односно песната со реден број еден на албумот, “Call Out My Name“, Браво Хит No.1 за следнава седмица.


© Radio Bravo - Kumanovo