• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Laura Mvula – Phenomenal Woman (Браво Хит)

Вистински летен хит со амбиентален призвук на Јужна Африка. Токму тоа ни го донесува Laura Mvula со својата песна „Phenomenal Woman“ која е Браво Хит до 17-ти јули и ќе ја слушате на почетокот на секој парен час.

Laura Mvula е израсната во предградието на Бирмингем. Започна да пее во capella група чиј основач е нејзиниот татко и тетка. Со 22 години, таа имаше свој сопствен jazz, neo-soul состав, а соработуваше и со неколку црковни хорови. По дипломирањето на Конзерваториумот во Бирмингем, работеше во средно училиште и тогаш започна да пишува музика за своите демо снимки… Ѕвездата е родена!!!

 

© Radio Bravo - Kumanovo