• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Elton John Feat. Logic & Pink – Bennie And The Jets (Браво Хит)

Сосема очекувано, најголема активност на нашата веб страна www.radiobravo.com.mk, изминативе денови предизвика двојниот компилациски албум на Elton John, Revamp: The Songs of Elton John & Bernie Taupin, на кој што се наоѓаат обработки на 26 песни напишани од Bernie Taupin. Повеќе за албумот Revamp: The Songs of Elton John & Bernie Taupin, прочитајте тука, а воведната песна на овој албум, класикот од 1973-та година, “Bennie and the Jets“, инаку во оригинал, дел од 7-от студиски албум, Goodbye Yellow Brick Road, на која што како вокали ги слушаме раперот Logic и супер ѕвездата Pink е Браво Хит No.1 за следните седум дена, период во кој истата ќе можете да ја слушате на фрекфенцијата или IP адресата на Радио Браво на почетокот на секој парен час.


По долу можете да го погледнете и настапот во живо Elton John на Fashion Rocks 2006-та, на кој што при изведба на песната “Bennie and the Jets”, на сцената му се придружи Christina Aguilera.


 

© Radio Bravo - Kumanovo