• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

The Veronicas – On Your Side (Браво Хит)

Најголемото музичко изненадување изминатава седмица ни го приреди австралискиот дует The Veronicas. Сестрите Lisa и Jessica Origliasso со нивната песна “On Your Side“, предизвика неочекувано голем интерес кај нашите слушатели, и како најпосетувана Премиера Хит на radiobravo.com.mk ќе ја слушаме како Браво Хит No. 1 во следните седум дена на почетокот на секој парен час, на 88,5 Mhz.

The Veronicas е австралиско дуо кое може да се опише како  progressive pop, electropop, pop rock, pop punk и dance-pop дуо. Доаѓа од Бризбеј, Австралија и е формирано во 2004 година од страна на две идентични близначки, сестрите Lisa и Jessica Origliasso. Сестрите покрај тоа што пеат и одлично свират на пијано и гитара. “On Your Side” е најава за нивниот 4-ти студиски албум кој ке излезе во текот на 2017-та година.

© Radio Bravo - Kumanovo