• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Pink – What About Us (Браво Хит)

На денот кога “What About Us” беше Премиера Хит на Радио Браво, четвртокот, Pink го објави и видеото за песната, која дополнително го зголеми интересот, не само за песната, туку и за претстојниот, 7-ми студиски албум, насловен Beautiful Trauma. Видеото ги набљудува оние чии права се во опасност во Трампската Америка: имигранти, истополови двојки, малцинства и останати. Во меѓувреме, MTV објави дека Pink е добитничка на наградата Michael Jackson Video Vanguard за оваа година и истата ќе и биде доделена на 27-ми август. Погледнете го видеото и уживајте следните седум дена, на почетокот на секој парен час на 88,5 Mhz со најновото од Pink, “What About Us”.


© Radio Bravo - Kumanovo