• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Ariana Grande Feat. Stevie Wonder – Faith (Браво Хит)

Песната за анимираниот филм „Sing“, односно дуетот на Ariana Grande и Stevie Wonder, „Faith“ е Браво Хит No.1 и ќе можете во следните седум дена на 88,5 Mhz, да ја слушате на почетокот на секој парен час. „Faith“ е прва песна која добитникот на Оскар и Греми, Stevie Wonder, ја направил за некој филм во последните 25 години. Wonder продал повеќе од 100 милиони албуми ширум светот и освоил 25 Греми награди со што стана најнаградованиот машки соло уметник во историјата, а покрај тоа поради своите хуманитарни активности беше прогласен и за амбасадор на мирот на Обединетите нации.Оваа година Ariana Grande го објави албумот „Dangerous Woman“ од кои доаѓаат хит сингловите: истоимениот „Dangerous Woman“, „Into You“, „Side To Side“ и други.

„Sing“ е напишан и режиран од Гарт Џенингс (Son of Rambow, The Hitchhiker’s Guide to the Galaxy). Дејството е сместено во светот на животните, кога се случува натпревар во пеење. Свинчето, горилата и слончето се обидуваат да ги исполнат своите соништа и да победат. Но, тие не се единствените. Гласовите ги позајмуваат Метју Меконахи, Рис Витерспун, Сет Мекфарлан, Скарлет Јохансон, Тори Кели, Ник Крол и други.

© Radio Bravo - Kumanovo