• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Lady Gaga – The Cure (Браво Хит)

Најновата песна на Lady Gaga, The Cure” со која настапи  на фестивалот Коачела и предизвика тектонски пореметувања на топ листите ширум светот е овонеделниот Браво Хит кој ќе го слушате на 88,5 Mhz.

Интересно е дека Интересно е тоа што “The Cure” не се наоѓа на нејзиниот неодамна објавен албум “Joanne”, кој пак го преслушувавме и на оваа френквенција во емисијата “Album OF The Week“.

Луѓе, многу ве сакам. Минав многу нешта низ животот и се нагледав сè и сешто, а вие секој пат ме лекувавте со својата љубов“, им порача Lady Gaga на присутните во Коачела. После премиерната сценска изведба, песната беше објавена и на iTunes и веќе е на листата на топ 10 хитови во САД.



Новата песна „The Cure“ која американската музичка ѕвезда Lady Gaga ја изведе на фестивалот Коачела фестивал во Калифорнија не е единственото изненадување со кое ги израдува своите фанови. Имено Lady Gaga работи на филмот „Ѕвездата е родена“, чија режија е на глумецот Бредли Купер.
„Многу сум возбудена што ќе глумам во својот прв филм со личност која можам да ја наречам мој пријател. Секогаш сум сакала да бидам актерка на големото платно. Приказната „Ѕвездата е родена“ е посебна и благодарна сум му на Бредли што овозможи да ми се остварат соништата“, напиша Lady Gaga на својот Инстаграм профил каде ја објави и првата фотографија од филмот.

© Radio Bravo - Kumanovo