• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Bruce Springsteen – Sundown (Браво Хит)

Откако минатиов викенд на музичкиот пазар се појави 19-от студиски албум на американската rock и country легенда, Bruce Springsteen, истиот можевте да го преслушате по само четрири дена, во среда, во 16 часот во премиерното издание на музичката емисија Album Of The Week. Претходно, како „премиери“ ги претставивме и песните од албумот, Hello Sunshine на 2-ри мај и Sundown, на 18-ти јуни. Оваа седмица, Bruce Springsteen на Радио Браво го слушаме во репризните изданија на Album Of The Week и секој ден, на почетокот на секој парен час како Браво Хит No.1 со песната “Sundown”. Уживајте во летото, Радио Браво ве следи секаде.


© Radio Bravo - Kumanovo