• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Слаткаристика – Кажи Да (Браво Хит)

Летото си го направи своето. Mакедонскиот рапер Марко Маринковиќ алиас Слаткаристика со својата тема „Кажи Да“ со која пред две години ја запроси Сања Николиќ, ги освои слушателите на Радио Браво и како најпосетуван Премиера Хит на нашата web страна, заслужено е Браво Хит во следните седум дена.

Инаку музиката за новата песна „Кажи да“ на Слаткаристика ја напиша братскиот композиторски тандем Иван и Јован Јованов, а помалиот под псевдонимот Iwayo се потпишува и како музички продуцент, додека стиховите на песната се дело на Слаткаристика. Приказната и видеото од приватните видеоматеријали од свадбата на Марко и Сања го спакуваа Бошко Столиќ и Филип Пауновски.

 

© Radio Bravo - Kumanovo