• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Fall Out Boy – The Last Of The Real Ones (Браво Хит)

Fall Out Boy веќе објавија три промо сингла со кој го најавуваат својот седми студиски албум кој веќе го има и своето име, Mania. Последниот, третиот, песната “The Last of the Real Ones“, која во средата беше беше Премиера Хит на Радио Браво, предизвика најголем интерес кај нашите слушатели и со право, во следните седум дена ќе ја слушаме на почетокот на секој парен час, како Браво Хит No.1 за првата есенска седмица во 2017-та година. Пред излегувањето на албумот, 19-ти јануари 2018-та година, Fall Out Boy ја најавија и концертната промоција во Северна Америка и Австралија, а како гости ќе бидат: Blackbear, Jaden Smith, и WAAX.


© Radio Bravo - Kumanovo