Afro-soul пејачката Imany се враќа со свој нов проект на музичката сцена. На 29-ти април, таа ќе издаде мини албум со четири нумери на кој пак ќе се најде и овонеделниот Браво Хит со наслов ‘Тhere Were Tears‘. Мини албумот е најава за новиот албум, чие издавање се очекува во септември месец годинава. ‘There Were Tears‘ претставува имагинарен разговор помеѓу Nelson Mandela и помладата генерација, ги отвора вратите на неговото искуство и борба. Таа е повик на колективната меморија, свест и правда.