• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Freddie Mercury – Time Waits For No One (Браво Хит)

Официјалниот Браво Хит за следнава седмица беше решен во самиот фото финиш. Имено, од 6-те „премиера“ од минатава седмица, две песни се издвоија по број на кликови на web страната на Радио Браво. На крај, новооткриената снимка на песната “Time Waits For No One” во изведба на покојниот Freddie Mercury за само еден глас (клик) беше поуспешна од веројатно, еден од најголемите летни хитови во претстојната сезона, песната Señorita во изведба на дуетот Shawn Mendes и Camila Cabello. Значи, од денес до следната недела, на почетокот на секој парен час, на 88,5 Mhz, ја слушаме “Time Waits For No One” оригинално беше направена за мјузиклот „Време“, премиерно изведен на Вест Енд во 1986 година и во тоа време беше издадена верзијата во којашто фронтменот на „Квин“ е придружуван од низа пратечки вокали. Сега е откриена рана верзија на песната, со поинаков вокал и со пијано мелодија.


© Radio Bravo - Kumanovo