• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Billie Eilish – Bad Guy (Браво Хит за 2019-та година)

Победник на овогодинешниот Браво Топ 50 во кој како предлози се најдоа сите песни од неделните No.1 Браво Хит во претходната 2019-та година е темата Bad Guy на Billie Eilish, Браво Хит на Радио Браво и број еден во периодот од 7-ми до 13-ти април.

Тинејџерката Billie Eilish во 2019 година бешее најбараниот светски музички артист во светот. Најпребарувано име на Google, на сите социјални мрежи, милионски прегледи на сите најзини можни видеа, во март минатата година, по осум месеци нетрпение и исчекување на нејзиниот деби албум (од 18-ти јули 2018-тата и првиот сингл You Should See Me in a Crown) и истиот продаден во 800 000 примероци само во предпродажба, се до 29-ти март 2019 год. кога се појави When We All Fall Asleep, Where Do We Go?. Токму тој албум е и најдобриот според Радио Браво за изминатата година  кој во неколку термини го слушаме и во емисијата Album Of The Week, а оваа седмица пак го слушаме во специјалното издание насловено како Album Of The Year, The Best Of The 2019.

Токму поради сето оваа, нејзиниот сингл “Bad Guy“, сосема очекувано ќе го слушаме во првата седмица од оваа година како Браво Хит No.1 за 2019 година.

© Radio Bravo - Kumanovo