Gabriella Michelle Henderson или само Ella Henderson е англиска пејачка која публиката ја запозна во 2012 година како учесничка во 9-тиот серијал на талент шоуто The X Factor во Велика Британија кога на крајот заврши на шестата позиција. Одтогаш гради самостојна кариера со издавањето на својот прв студиски албум во 2014-тата Chapter One и подоцнежните соработки и самостојни песни. Моментално е актуелна со нејзиниот најнов сингл под име Take Care of You, наш денешен Премиера Хит.