“I Wish”е името на најновата соработка помеѓу британскиот DJ, продуцент и ТВ личност Joel Corry и шведско-англиската пејачка Mabel Alabama-Pearl McVey или само Mabel. Песната беше најавена од двата музичара истовремено на нивните канали на социјалните мрежи и оваа е нивна втора заедничка песна по снимањето на нумерата на Clean Bandit и Mabel, “Tick Tock” од 2020 година.