• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

RIP Keith Flint: Tribute to Prodigy Front Man

Keith Charles Flint (17 September 1969 – c. 4 March 2019) беше англиски музичар, пејач и танчер. Keith Flint беше вокалист и танчер на светската електро атракција, групата The Prodigy, кој на почетокот на неговото членување во групата, во 1996-та година ги отпеа “Firestarter” и “Breathe”. Претходно имаше свој бенд, Flint. Исто така беше сопственик на мото клубот Team Traction Control со кој во 2015-та година три пати победи на Isle of Man TT races in 2015 и се натпреваруваше во British Supersport Championship.

На почетокот во The Prodigy, Keith Flint беше само танчер, за да подоцна се појавува како вокал во песните “Firestarter” и “Breathe”. Во 1997-та година, Keith Flint на албумот The Fat of the Land е вокал во неколку песни: “Breathe”, “Serial Thrilla”, “Fuel My Fire” и “Firestarter”. Во 2002-та беше издаден и синглот “Baby’s Got a Temper”. На следниот студиски албум Always Outnumbered, Never Outgunned од 2004-та го нема вокалот на Keith Flint, но затоа пак на Invaders Must Die, албум на The Prodigy, вокално е застапен речиси на сите песни. Flint го реализира и синглот “War” во соработка dubstep артистот Caspa во 2012-та година. No Tourists е седмиот студиски албум на The Prodigy, објавен на 2-ри ноември 2018-та година, а Радио Браво го најви преку песната “We Live Forever“, која беше Премиера Хит пет дена подоцна, на 7-ми ноември. Албумот дебитираше како „број еден“ на UK Albums Chart.

Утрово, полицијата била повикана во домот на Keith Flint во Great Dunmow, Essex, каде што бил пронајден мртов. Според изјавата на Liam Howlett, човекот кој ја формирал The Prodigy во 1990-та година, станува збор за самоубиство.


 

ДИСКОГРАФИЈА:


The Prodigy
Experience (1992)
Music for the Jilted Generation (1994)
Electronic Punks (1995)
The Fat of the Land (1997)
“Baby’s Got a Temper” (2002)
“Hotride (El Batori Mix)” (2004)
Their Law: The Singles 1990–2005 (2005)
Invaders Must Die (2009)
World’s on Fire (2011)
The Day Is My Enemy (2015)
No Tourists (2018)
Flint
Device #1 (2003)


© Radio Bravo - Kumanovo