Продуцентот и DJ-от Kygo се враќа повторно кон ремиксирање на класичните хитови, овој пат тоа е славниот мега хит на магичната Donna Summer ‘Hot Stuff’. Оргиналната песна е продуцирана од Pete Bellotte и Giorgio Moroder, а е објавена во 1979 година како водечки сингл од нејзиниот седми студиски албум Bad Girls. Синглот тогаш стигна до местото број 1 на Billboard Hot 100 и ја доби наградата Gammy за Best Female Rock Vocal Performance. Нумерата исто така е рангирана и на топ листата 500 Greatest Songs of All Time на магазинот Rolling Stone.