Новозеландската музичарка Ella Marija Lani Yelich-O’Connor, на светската јавност позната како Lorde го објави својот најнов сингл со песната “Solar Power“. Тоа е насловната композиција од нејзиниот трет по ред студиски албум кој треба да излезе во текот на оваа година и нејзин прв објавен материјал од 2017 година.