“Prisoner” е најновата песна на американската пејачка Miley Cyrus во која и асистира нејзината колешка Dua Lipa. Композицијата е објавена на 19 ноември 2020 година преку издавачката куќа RCA Records како втор официјален сингл од седмиот студиски албум на Cyrus наречен Plastic Hearts.