• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Mr. Rain – Fiori di Chernobyl (Премиера Хит)

Mr. Rain е италијански рапер и продуцент, роден во 1991 година во Desenzano del Garda во околината на Brescia како Mattia Balardi. Тој е активен од својата 18-та година, а во 2017 година го издава својот прв студиски албум. По подолга пауза се враќа на музичката сцена со својот најнов сингл под име Fiori di Chernobyl, наш денешен Премиера Хит.

Fiori di Chernobyl е песна за расположението на оние што поминале и надминале момент на лична тешкотија, Fiori di Chernobyl е покана да се отворат, да се соочат со темнината со укажување на светлината. Fiori di Chernobyl го раскажува она што го доживуваме во овие денови, нè поттикнува на подлабоко, свесно, одговорно и рационално размислување. Да ја најдеме позитивната страна, да го искористиме времето што го имаме на располагање за да разбереме што чувствуваме и да откриеме што навистина сакаме, да го претвориме страдањето во енергија со која ќе започнеме нов живот! Fiori di Chernobyl е песната што може да нè поттикне да се кренеме и да го покажеме најдоброто во нас.


© Radio Bravo - Kumanovo