• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

OneRepublic – Better Days (Премиера Хит)

За време на самоизолацијата во која се наоѓаат членовите на групата OneRepublic ја снимија и издадоа песната “Better Days”. Нумерата зборува за некои поубави денови, кои ке дојдат по оваа светска епидемија, а токму поради неа момците од OneRepublic решија приходот од оваа песна да го донираат во MusiCares’ COVID-19 Relief Fund за да помогнат на музичарите што се погодени од оваа пандемија. Тие ги повикаа своите фанови да бидат дел од музичкото видео на  “Better Days”  со праќање на свои видеа преку апликацијата Cinebody.


© Radio Bravo - Kumanovo