• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Pet Shop Boys – Burning The Heather (Браво Хит)

Легендарното британско synth-pop дуо Pet Shop Boys од поодамна го најавува својот најнов студиски албум Hotspot по претходно објавениот Super во 2016-тата.. Нашишан и снимен на релација помеѓу Берлин и Лос Анѓелес, албумот е продуциран од нивниот стандарден продуцент Stuart Price и треба да излезе на почетокот на следната година. Од песните кои го најавуваат Hotspot досега ја слушнавме соработката со Years & Years, нумерата “Dreamland”, а како Браво Хит во последната ноемвриска седмица за оваа година ја имаме и втората најавна песна, “Burning The Heather”. Тоа е електро балада во која интересно, акустичната гитара ја свири Bernard Butler, оргиналниот гитарист на групата Suede.


© Radio Bravo - Kumanovo