• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Panic! at the Disco – Feels Like Christmas (Премиера Хит)

Во последните денови од минатата година имаше многу „паника“ во американскиот рок состав Panic! at the Disco, предводен од вокалистот Brendon Urie. Најпрво, на 15-ти декември, групата го издава својот 4-ти албум во живо, All My Friends We’re Glorious: Death of a Bachelor Live. Пет дена подоцна, излегува и божиќната песна, насловена “Feels Like Christmas”, за да само четири дена пред крајот на минатава година, басистот Dallon Weekes, по осум години членување во групата, го објави своето заминување од Panic! at the Disco. А, Радио Браво продолжува со празничното расположение. Во чест на претстојниот Божиќ, денешен избор за Премиера Хит е токму Panic! at the Disco, со “Feels Like Christmas”.


 

© Radio Bravo - Kumanovo