• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Lisandro Cuxi – Eva (Премиера Хит)

Победникот на 6-та сезона (во 2017-та година) на шоуто The Voice: la plus belle voix (како дел од групата Team Matt), 18-годишниот француско-португалски пејач Lisandro Cuxi, учествуваше на изборот за француски претставник на Eurovision Song за оваа 2018-та година, чие финале беше одр-ано на 27-ми јануари, а во организација на националната France Télévisions. За жал, иако жирито му беше наклонето, Lisandro Cuxi го освои второто место поради гласовите на француските гледачи, кои за победник го избраа дуетот Madame Monsieur. Сепак, импресивниот настап на младиот Lisandro со прекрасната “Eva” го слушаме денес, како Премиера Хит на Радио Браво, на почетокот на секој непарен час.


© Radio Bravo - Kumanovo