Оваа работна седмица, која поради продолжениот празничен викенд, ја започнавме во вторник и то а со малку пожесток Премиера Хит. Станува збор за американската рок група од САД, поточно од Лас Вегас, Imagine Dragons и песната “Thunder”. По песната “Believer”, “Thunder” е вториот сингл со кој Imagine Dragons го најавуваат својот трет студиски албум кој ќе биде реализиран со помош на KIDinaKORNER и Interscope Records во втората половина на оваа, 2017 година.