На помалку од десет дена (11-ти август) од издавањето на третиот студиски албум на американската пејачка Kesha, “Rainbow”, изминатиов викенд се појави и вториот и воедно последнио промотивен сингл “Learn To Let Go”. Првиот, “Praying” се појави пред 30-тина дена, а ние го слушавме како Премиера Хит на 88,5 Mhz на 10-ти јули. Потсетување на “Praying” тука, денес ја слушаме “Learn To Let Go”, а за месец дена, очекувајте го и целиот албум во емисијата “Album Of The Week“.