• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Jane Zhang – Work For It (Премиера Хит)

Овој викенд како Премиера Хит слушаме една интересна пејачка. Zhang Liangying (родена во1984-та година), на музичката сцена се претставува како Jane Zhang. Таа е всушност најпознатата поп пејачка во Кина. Нејзината кариера започнува во 2005-та година како учесничка на кинескиот натпревар за пејачки, Super Girl. Веќе, следната година, Jane Zhang го објавува својот дебитантски албум, The One. Но, дури по една цела деценија, во 2016-та година, со песната “Dust My Shoulders Off”, Jane Zhang се појавува на американскиот музички пазар. Една година подоцна, на 1-ви декември 2017-та, ја објавува песната “Work For It“, а еден ден потоа, песната е Премиера Хит на Радио Браво.

© Radio Bravo - Kumanovo