• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Snow Patrol – Dont Give In (Премиера Хит)

По пауза од сеум години, групата Snow Patrol со песната “Dont Give In” за 25-ти мај го најави својот нов студиски албум, ‘Wildness’. Gary Lightbody, авторот на песната, преку неа ги споделува своите искуства со депресијата.
– “Dont Give In” започнав да ја пишувам за пријателот кој поминува низ тежок период, но колку повеќе влегував во неа, сфатив дека станува збор за мене и за мојата внатрешна борба при изработка на албумот, која траеше пет години и не беше лесно, всушност го поминував истиот период како во детството кога пак се борев со депресијата, изјави Gary Lightbody, пејачот, гитаристот и фронтменот на Snow Patrol по повод излегувањето на првиот сингл, “Dont Give In” од албумот ‘Wildness’.


© Radio Bravo - Kumanovo