• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

J Balvin & Willy William Feat. Beyonce – Mi Gente Remix (Премиера Хит)

Откако ја заврши кампањата за собирање материјални средства за настраданите од ураганот Harvey, поп дивата Beyonce е во нова хуманитарна акција. Имено, таа влезе во проектот на колумбиско – францускиот двоец, J Balvin и Willy William, кои направија remix на нивниот хит од почетокот на летото, “Mi Gente”. Според нејзината објава на Instagram, парите соберени од најновиот проект на J Balvin & Willy William Feat. Beyonce, remix-от на “Mi Gente” ќе бидат донирани на хуманитарните  организации кои помагаат во настраданите подрачја од ураганите во: Порторико, Мексико и останатите карипски острови. On-line донациите се собираат на следниот линк: https://www.beyonce.com/reliefefforts/. Поради тоа, иако оригиналната верзија на  “Mi Gente” беше Премиера Хит на Радио Браво на 12-ти јули, и овој remix заслужува подршка, пред се од хуманитарни причини.


Слични теми:
J. Balvin Feat. Willy William – Mi Gente (Премиера Хит)

© Radio Bravo - Kumanovo