• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Baby K Feat. Andrés Dvicio – Voglio Ballare Con Te (Премиера Хит)

Радио Браво продолжува оваа седмица по потрага на нови хитови, надвор од Британија и Соединетите Држави. За денес, изборот е италијанската раперка Baby K чиј музички опус опфаќа два студиски албуми, LP, три EP и повеќе синглови и соработки со други музичари. Во моментот во Италија е актуелна со “Voglio Ballare Con Te”, соработка со шпанскиот пејач Andrés Ceballos, вокалист на познатата група Dvicio. Поради заразниот „латино“ ритам, “Voglio Ballare Con Te” сосема сигурно дека ќе се најде на компилацијата на хитови која би имала наслов „Лето 2017“.


© Radio Bravo - Kumanovo