• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Влатко Лозаноски Лозано – Километри (Премиера Хит)

Еден од најуспешни музичари на нашата сцена може да се пофали со нов хит кој дефинитивно ќе се врти во етерот со години. Песната е емотивна, а едно е сигурно, ќе ве допре до срце. Во неа ќе се пронајдат многумина, посебно оние кои не живеат повеќе во својата таковина, вели за оваа песна Влатко Лозаноски. „Километри“ е новото музичко остварување на пејачот, зад кое како автори повторно се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.
Оваа наменска песна на Влатко Лозаноски ќе можете да ја слушате на Радио Браво за време на велигденските празници, на почетокот на секој непарен час како Премиера Хит.
Христос Воскресе!


Километри бројам, дале-далеку од себе
километри одам, дале-далеку од тебе,
далеку од дома, далeку од се што имам,
од се што имам…

Најдов фотографија во црно бело,
а на неа ние сме заедно на денот,
на неа гледам среќа, на неа гледам се што имам
се што имам…

Ми фали, тој мирис, на јоргован, ми фали, фали,
ми фали, тој мирис, мене душа да ми гали,
ми фали за Велигден јас да си дојдам,
ми фали да сум дома…

Километри бројам, дале-далеку од себе
километри одам, дале-далеку од тебе,
далеку од дома, даелку од се што имам,
од се што имам…

Ми фали, тој мирис, на јоргован, ми фали, фали,
ми фали, тој мирис, мене душа да ми гали,
ми фали за Велигден јас да си дојдам,
ми фали да сум дома…

© Radio Bravo - Kumanovo