• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Noel Gallagher’s High Flying Birds – Black Star Dancing (Премиера Хит)

Поранешниот лидер и гитарист на рок атракцијата Oasis, Noel Gallagher повторно е активен на музички план. По пауза од 2017-та година кога тој со својот бенд Noel Gallagher’s High Flying Birds го издаде третиот студиски албум Who Built the Moon?, деновиве е актуелен со песната “Black Star Dancing”, која ќе биде насловна на новото EP кое што ќе излезе на 14-ти јуни на 14″ винилна плоча и се разбира достапно за дигитално превземање. Новиот музички продукт на Gallagher е комбинирање на стиловите на David Bowie, INXS, U2, Queen, Indeep и ZZ Top. Настапите во живо на Noel Gallagher’s High Flying Birds ќе започнат на 9-ти јуни во Heaton Park во Манчестер. Потоа бендот ќе настапи на Isle Of Wight Festival и Roskilde Festival, за да од август се придружат на The Smashing Pumpkins на турнејата низ Северна Америка.


© Radio Bravo - Kumanovo