Кон крајот на минатата недела нашиот најафирмиран хип хоп артист Марко Маринковиќ – Слаткаристика на Бугарската “youtube“ мрежа го промовираше новиот видео запис за новата песна потпишана – “Терориста“. Песната само за 24 часа постигна неверојатни бројќи и гледаност од широката јавност во Бугарија и Македонија, што сигурно може да се констатира дека Слаткаристика има нов “Reggaeton“ хит. Позади музиката се потпишуваат Слаткаристика и Иван јованов, аранжманот го работеше Иван Јованов, позади режисерската палка стои Огнен Шапковски, а свој придонес во финалниот видео продукт имаат и Vertigo Visual.