• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Aleksandra Janeva & Natasa Malinkova – Euforija (Премиера Хит)

Поп пејачките Александра Јанева и Наташа Малинкова ја објавија својата прва соработка, дуетот “Еуфорија”. Песната која е со модерен, брз, летен ритам во R&B стил, е авторско дело на долгогодишниот соработник на Малинкова, композиторот Столе Аврамов, кој заедно со Александра Јанева ги потпишале и стиховите, а во продуцирањето му помогнал колегата Зоран Алексиќ. Освен со заедничката песна, Александра и Наташа се актуелни и со соло-песните “Ќе се вратам некој ден”  (Јанева) и “Ако грев е што те сакам” (Малинкова) , како и со бројните настапи ширум Македонија.

© Radio Bravo - Kumanovo