• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

The Prodigy – We Live Forever (Премеира Хит)

Светската поп – електро атракција, англискиот бенд The Prodigy на 2-ри ноември, по три годишна пауза го издаде седмиот студиски албум, No Tourists. Интересно е дека промоцијата се одржа претходно, на 24-ти октомвр на тајна локација за одреден круг на фанови, во ноќниот клуб Egg London, во близина на Tileyard студиото каде што беше и снимен албумот. Вече следниот ден, во емисијата Zane Lowe’s Beats 1 за пошироката јавност беше претставена песната “We Live Forever“, денешниот Премиера Хит на Радио Браво. И уште нешто, The Prodigy се веќе на концертна турнеја низ Велика британија, остатокот од Европа, Австралија и Нов Зеланд и се разбира, САД.


© Radio Bravo - Kumanovo