Yasmina y su Bele Bele е бенд од тројца Кубанци и еден Македонец што решија да издадат албум во Македонија, кој официјално ќе биде објавен во почетокот на наредниот месец. Инспирацијата што ја добиваат од Македонија, ја заокружуваат со албум, кој е комплетно создаден и продуциран во Македонија. Албумот го сочинуваат 12 песни, а официјалната најава на истиот тој, Yasmina y su Bele Bele ја започнуваат со песната „Te exraño amor“ или „Ми недостигаш љубов“.
Разговорот со Yasmin Lopez, вокалот на групата Yasmina y su Bele Bele, можете да го слушнете со кликање на плеерот подолу…
…слушнете и го и првиот сингл „Te exraño amor“ на групата Yasmina y su Bele Bele…
Вокалот на групата можеби ви звучи познато. Токму така, тоа е Yasmin Lopez, членка на групата Cubano Soy, која беше дел од роденденската забава на Алфи Техноцентар. Тогаш, Yasmin Lopez имаше и едно интервју за Радио Браво, кое што можете да го слушнете тука.