• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Тони Зен – Тишина (Премиера Хит)

Денешен Премиера Хит на Радио Браво е новата песна на Тони Зен, која е поместена на неговиот нов албум „Од изворот на изборот“. Станува збор за темата насловена „Тишина“, авторско дело на самиот Тони и Кирил Бабамов, а во нејзиното создавање учествуваа и Ратко Даутовски на перкусии, Мартин Јосифовски на бас-гитара и Борислав Веселинов на флејта. Инженер на звук е Бојан Филиповски, а миксот и мастерингот се на Мите Димовски. Тони се потпишува и како автор на сценариото и продукцијата, а режијата му е заедничка со Били Ди. Инаку, „Тишина“ е четвртата од вкупно осумте песни што се сместени на новиот албум, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение.


© Radio Bravo - Kumanovo