• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Lady Gaga – Hair Body Face (Премиера Хит)

Денес ја продолжуваме приказната од вчера. A Star is Born е трагична музичка драма која што е режисерско деби на Bradley Cooper, а во главната улога, дебитира на филмот, Lady Gaga. Тема на филмот е љубовната приказна помеѓу музичарот Jackson Maine (го толкува Bradley Cooper) и Ally која го жртвува својот сон за успешна пејачка кариера. Се разбира дека Ally ја толкува токму Lady Gaga. Дел од актерската екипа на филмот се и: Andrew Dice Clay, Dave Chappelle и Sam Elliott. За музиката во филмот се погрижија Lady Gaga и Bradley Cooper. Како нивни соработници се и: Lukas Nelson (позната кантри ѕвезда во САД), кој во филмот се појавува како член на групата на Bradley, потоа DJ White Shadow, Jason Isbell, Mark Ronson, Diane Warren и Andrew Wyatt од Miike Snow. По вчерашната “Black Eyes” со Bradley Cooper, денес ја слушаме Lady Gaga со “Hair Body Face“.


© Radio Bravo - Kumanovo