• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Sfer – Waiting For Godot

Денес во Премиера Хит имаме светска радиска премиера на првата авторска песна на нашиот сограѓанин Дарко Медарски, кој музичката кариера ја продолжува под сценското име Sfer. Промоцијата во Радио Браво ќе биде во следните денови кога гост на пладневната програма на Радио Браво „Батали се, слушај Браво“ ќе биде авторот и изведувачот на денешниот Премиера Хит. Најпрво слушнете ја “Waiting For Godot“, а подоцна, подолу ќе прочитате за кого и што станува збор.


Дарко Медарски е новото свежо лице на македонската сцена. Има 25 години и е студент на психологија. Свири на повеќе инструменти од кои матичен инструмент му е гитарата. Исто така, свири на усна хармоника, бас и клавијатура. Од 17 години настапува по фестивали,дискотеки и барови. Има настапувано во Германија, Бугарија и Турција. Живеејќи порано во Куманово, а сега во Скопје, успеал својот талент и страст за музиката да ги преточи во неговата авторска соло песна “ Waiting for Godot “. Има и бенд наречен Man in a suit, кој дава целосна нова слика на она на што досега е навикната македонската музичка сцена.


© Radio Bravo - Kumanovo