• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Jack Johnson – Sunsets For Somebody Else (Премиера Хит)

Пред неколку дена, Billboard објави дека Jack Johnson го реализира својот нов сингл, “Sunsets for Somebody Else“, песна која ќе се најде на неговиот нов албум All The Light Above It Too. Ова е втор промотивен сингл од албумот, а до неговото објавување можеме да очекуваме уште една промо песна од него. Инаку, Jack Johnson штотуку ја заврши својата американска турнеја, поточно му останаа уште два концерти во својот роден град Waikiki Shell во Oahu. Приходите од овие концерти ќе одат за The Kokua Hawaii Foundation, фондација основана од Johnson и неговата сопруга за подршка на училиштата на сиромашниот остров – држава Хаваи.


© Radio Bravo - Kumanovo