• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Slowdive – Sugar For The Pill (Премиера Хит)

Англискиот состав Slowdive ќе настапи на седмото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади!“ на 10-ти јуни во Младинскиот културен центар. Формирани во 1989 година, во мирување од 1995 година, реофоремени во 2014, по речиси 20 години, откако ја отсвиреа својата повратничка турнеја по сите релевантни фестивали низ планетава, се враќаат со нова плоча, насловена едноставно Slowdive, а датумот на издавање е 5 мај, за издавачката куќа DEAD OCEANS. Од повратничкиот албум, а два месеци пред гостувањето во Македонија и еден месец пред промоцијата на LP-то, како Премиера Хит, Радио Браво ви ја нуди како свој избор темата насловена како “Sugar For The Pill“.

© Radio Bravo - Kumanovo