• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Grace VanderWaal – Clearly (Премиера Хит)

Денеска, Радио Браво ви ја претставува младата пејачка Grace VanderWaal (родена на 12-ти јануари, 2004 година) со прекрасен вокал. Grace се прослави во септември 2016-та година кога победи на America’s Got Talent, и тоа пеејќи свои оригинални песни, претходно објавени на својот You Tube канал. Следната година, од страна на Radio Disney беше прогласена за најдобар нов изведувач и за пејач – тинејџер на годинатѕа. Магазинот Billboard и ги додели наградите за „најдобра млада музичка ѕвезда до 21 година“ и за „пејачка со најголем напредок во 2017-та година“. Денеска ја слушаме Grace VanderWaal во песната “Clearly“, прв сингл по излегувањето на дебитантскиот албум, со сосема наменски наслов, Just the Beginning. И да не заборавам, концертната турнеја на Grace VanderWaal, заедно со Imagine Dragons за почнува кон средината на годината.


© Radio Bravo - Kumanovo