• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Ryan Adams – Do You Still Love Me (Премиера Хит)

Откако вчера во емисијата “Album Of The Week” го преслушавме 16-от по ред соло студиски албум, “Prisoner” на Ryan Adams, Радио Браво за денес како Премиера Хит, од ова прекрасно музичко остварување ја избра песната “Do You Still Love Me“. Според Браво, оваа е мелодиски најсилната песна на албумот “Prisoner”. Со “Do You Still Love Me”  во вид на сингл беше и најавен самиот албум. Оваа полнокрвна рок химна очигледно настанала под влијание на звукот и музиката од 80-тите, и се е познато, од предвидливиот вовед кој истовремено поседува заразен ритам па се до намерно рапавиот и драматичен вокал кој подсетува на “Footlose” на Kenny Loggins. И покрај тој ретро елемент, песната фантастично функционира и тој помалку банален стих “Do You Still Love Me Babe?” ќе ви остане токму поради таа мелодичност, во ушите уште долго, долго по слушањето.

 

 

© Radio Bravo - Kumanovo