• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Stanaj – The Way I Love Her (Премиера Хит)

Денеска Радио Браво ви претставува еден интересен артист. Albert Stanaj се води како американски пејач, меѓутоа она што ја прави интересна приказната е дека тој е роден во Албанија.  Како дете, тој глуми во албански музички спотови, но и настапува на фестивали во САД и во Европа. Во средно училиште, почнува да размислува и за меѓународна кариера и одлучува да започне да пее на англиски јазик, а под влијание на супер ѕвездите: Michael Jackson, Justin Timberlake, Maxwell, and Whitney Houston. Во 2014-та година Stanaj заедно со неговиот брат, кој му е и менаџер се селат во Калифорнија. Како работник на сцена, се запознава со повеќе влијателни луѓе во шоу бизнисот, меѓу кои и Drake, кој му помага на почетокот на неговата кариера. На почетокот на 2016-та, Stanaj потпи[ува договор со продуцентската куќа Lava Records за кој и издава едно EP со четири песни меќу кои се и: “Romantic” и “Ain’t Love Strange.”

Денешен Премиера Хит на Радио Браво е Stanaj со нешто актуелно од почетокот на месецов, песната “The Way I Love Her“.

© Radio Bravo - Kumanovo